Daka | Lifts

Нешто повеќе
за нашата компанија

Ние сме синоним за стабилност и безбедност

Нашата компанија DAKALIFT е компанија која се занима со производство и сервисирање на системи повеќе од 2 децении. Тимот на DAKALIFT постојано се стреми да ги задоволи потребите на нашите клиенти со создавање на лифт кабини кои се синоним за врвен квалитет и уникатен дизајн.

Фокусот на квалитетот

Високото ниво на професионализам во областа на механиката и електрониката и фокусот на квалитетот како и долгогодишното искуство во лифт индустријата тимот на вработени во нашата компанија го одобри нашето мото ДВИЖИ СЕ БЕЗБЕДНО, ДВИЖИ СЕ СТАБИЛНО.

ISO 9001: 2008 сертификат

Како потврда за нашето професионално работење  добиваме ISO 9001: 2008 сертификат што има за цел да ја задржи нашата стратегија за конзистентност и подобрување на бизнис перформансите преку одржување и зајакнување на нашите позиции на моменталниот пазар и разумно проширување на нови позиции.

За нашата мисија

Нашата мисија е постојано градење на кредибилитет и почит кон клиентот од страна на поврзување на клиентот со потребите и трендовите на модерниот начин на живот. Се со цел да ги исполниме нашите цели ние мора да продолжиме да бидеме ефикасни, проактивни, флексибилни, конкурентни во производството на лифт решенија, ескалатори и лифтови за паркирање.

Во тек со технологијата

Компанијата DAKALIFT останува на својата ориентација, а тоа е следењето на новата технологија што е исклучително важно за секоја компанија, а е исклучително важно за развојот и постоењето на нашата компанија за која се надеваме дека ќе ја продолжи својата успешна приказна со соочување со нови проекти и нови предизвици.

Подвижноста е од клучно значење во светот во кој живееме и работиме

Како надополнување на успешната приказна која трае две децении DAKALIFT се здоби и со Сертификат од реномираната Европска сертификациона куќа “QMS”. Сертификат за нашиот најнов производ Првото микропроцесорско контролно управување за лифтови произведено во РМ.

Само дел од нашите клиенти

Создаваме дизајн на лифт за луѓе со префинет вкус